ДИК ги утврди поважните рокови и датуми за локалните избори

DIK
DIK

Веднаш по добивањето на решението со кое беа распишани локалните избори, Државната изборна комисија на јавна седница попладнево ги утврди поважните рокови за изборните дејствија за изборите закажани за 17 октомври.

Zito akcija 640x289px

Согласно одлуката, листите на кандидати за локалните избори се поднесуваат до општинските изборни комисии од страна на овластените предлагачи, а крајниот рок за нивно поднесување е заклучно со 11 септември до 24 часот.

Agria

Изборната кампања почнува на 27 септември во 00 часот, што значи се смета и денот 27 и трае заклучно со 15 октомври до 24 часот, кога настапува изборниот молк на 16 септември, пред гласањето. На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на 17 октомври е денот на изборите.

Ждрепката за редоследот на гласачкото ливче на листите на кандидати, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 23 септември и сите листи на кандидати од ист подносител во сите општини ќе имаат согласно Изборниот законик, ист реден број, како што е уредено со закон за да биде поедноставно за гласачите.

На 23 септември, ДИК со претставниците на подносителите на листите ќе организира потпишување на изборниот кодекс за фер и демократски избори. Собирањето потписи на граѓани за поднесување листи на кандидати или независни листи на кандидати ќе започне на 16 август и ќе трае 15 дена заклучно со 30 август.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе започне на 21 август и ќе трае заклучно со 9 септември во 24 часот во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: