Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.
За таа цел Комисијата за заразни болести (КЗБ) и министерот за здравство Венко Филипче до Владата ќе предложат нови мерки за Тетово и регионот со цел да се се спречи рапидното ширење на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Предложена е забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти да не надминува надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица. Договорено е и да се засилат контролите за носењето на заштитни маски и да се засили теренската вакцинација.
Оттаму велат дека анализите кои биле изработени од Институтот за јавно здравје укажуваат дека вирусот пред се, се шири кај невакцинираните, односно над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна пак, укажуваат дека опфатот со вакцинација во Тетово е под 20 отсто.
Инаку, вкупниот број на активни случаи во земјава изнесува 1.268 лица, додека во Тетово бројот на активни лица е 379.
Можеби ќе ве интересира: