Стоп за невакцинираните во затворени објекти, забранети веселби на затворено

svadba
svadba

Свадбите и прославите на затворено се забрануваат. На кафе, концерт, спортски натпревар, работилници и разни културни манифестации каде има повеќе од 30 присутни ќе се бара потврда за примена најмалку една доза КОВИД вакцина. Ова се новите мерки кои стапуваат на сила на 16 август и ќе важат за полнолетните лица.

Текстот продолжува под огласот

Zito akcija 640x289px

Сертификат засега нема да се бара за влез во трговските центри ниту во фирмите и претпријатијата со над 30 вработени. Допрва ќе се прават координации со останатите надлежни институции кој и како ќе ги проверува КОВИД сертификатите на влезот од објектите.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Министерот Филипче вели дека овие мерки биле нужни бидејќи нагло се зголемиле бројките на заразени и хоспитализирани а анализите покажале дека вирусот најмногу го шират неимунизираните.

Текстот продолжува под рекламата

„Очигледно е дека вакцината е единствениот инструмент и механизам со којшто ние можеме да ја смениме сликата на пандемијата. Евидентно е дека болеста многу повеќе се шири кај невакцинираните. Мораме да ги преземеме овие мерки сега. Апсолутно тврдам дека се навремено преземени, претходно немаше ни дијагностицирани случаи ни пациенти во болниците. Мислам дека ова е нешто што ќе даде добри резултати. Имунитет од прележана болест не штити доволно и не ствара доволно имунитет така како што ствара вакцината“, рече Филипче.

Бројот на КОВИД хоспитализации за шест дена двојно се зголеми. Најкритично и натаму е во Тетово. За да нема притисок во оваа болница, дел од пациентите ќе се препраќаат на скопска Ифективна која веќе го пренамени вториот спрат од клиниката.

„Од вкупниот број на примени пациенти во болница којшто е некаде околу 150, значајно е зголемен во изминатите седум дена, под 10% се пациенти коишто се целосно вакцинирани. Дали пациентите кои што ќе заболат од делта вирусот ќе имаат потешка форма на КОВИД се уште не е истражено и за тоа допрва ги чекаме клиничките студии“, рече министерот Филипче.

Тој истакна дека на располагање се околу 400.000 вакцини. Потсети дека делта сојот станува доминантен и брзо се шири но се уште нема истражување дали предизвикува потешка клиничка слика кај КОВИД заразените.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: