Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 % во однос на Одлуката од 3.8.2021 година.
Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари. Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646%, дизелот за 3,041%, екстра лесното масло за 2,917 % и кај мазутот намалувањето е за 3,215 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 %
Moжеби ќе ве интересира: