Реклама

(ВИДЕО+ФОТО) Како изгледаше Велес попладнево во полициски час

Veles 28.03.2020

Првиот продолжен викенд-полициски час во попладневните часови во Велес помина мирно. Кучињата скитници се „главните шизици“ по улиците. Повремено, можеше да се забележи по некој автомобил или пешак. Полиција патролира по улиците и ги сопира оние кои се движат по нив, да провери дали имаат дозволи за движење во полициски час.

Zito akcija 640x289px

По улиците можат да се движат само полициските службеници и припадниците на армијата, лекарите од итната медицинска помош, припадниците на противпожарната единица, новинарите, снимателите и фото-репортерите и луѓе кои со дозволи одат или заминуваат од работа.

Agria

Во хотелот „Монтенегро“ веќе втор ден, во државен карантин се сместени 42-ца македонски државјани, кои вчера, со хуманитарен лет долетаа од Малта. Тие се прегледани и никој од нив нема симптоми на коронавирус.

Галеријата со фотографии од тоа како изгледаше Велес попладнево можете да ја видите на нашиот Facebook Fan Page, а видеото од атмосферата на улиците погледнете ја тука: