Реклама

Гигов уште една сезона на голот на ПАОК

Viktor Gigov

Велешкиот ракометен интернационалец, Виктор Гигов кој настапува во грчкото првенство во тимот на ПАОК го продолжи договорот со клубот и ќе остане уште една сезона да го брани голот.

Zito akcija 640x289px

Гигов има 42 години и во петата деценија од животот брани одлично така што годините не се никаков проблем. Тој и мината сезона беше на голот на ПАОК и имаше одлични изданија што беше причина за управата на клубот да му го продолжи договорот.

Agria

Гигов потекнува од Борец од Велес, а има богата меѓународна кариера, бранеше на Исланд, Хрватска, Јужна Кореја.

Последните девет години беше во Турција, три години го носеше дресот на Мерсин, потоа замина една година во Кајзери , а потоа две години во Селкаспор, додека претходните две сезони ги играше во дресот на Анталијаспор.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22882/tradiczionalna-letna-krvodaritelska-akczija-vo-organizaczija-na-opshtinskata-organizaczija-na-czrven-krst-od-veles/