Дејвид Гир: Еко кампот на Езеро Младост е фантастичен!

DSC_0321

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир е воодушевен од Еко кампот кој се гради на Езерото Младост, во рамките на проектот „СМАРТ езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија“. При денешната посета на Велес и велешкото езеро, ЕУ амбасадорот најави идни посети на Велес за време на културните манифестации и младинските активности.

Текстот продолжува под огласот

Zito akcija 640x289px

„Денес сум дојден лично да ги видам убавините и културните содржини кои се на езерото Младост. Овој проект, финансиран од Европската Унија, е проект кој го поддржува развојот на Велес. Преку поддршката на туризмот, го потпомагаме развојот на општините при што се внимава на заштитата на животната средина и затоа овој туризам се нарекува ‘зелен туризам’. Ова е фантастичен Еко камп, кој дава одлични можности за игра и забава на децата.  Кога јас растев немав можност да гледам вакви паркови и капацитети кои нудат разни можности и со задоволство ќе дојдам на есен да уживам во потенцијалите на овој проект на езерото Младост”, рече амбасадорот Гир.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски се заблагодари за поддршката што ЕУ и ја дава на Општина Велес и за можноста да го препознае овој значаен проект кој нуди големи можности за сите посетители на езеро Младост.

Текстот продолжува под рекламата

„Со потпроектот „СМАРТ ЕЗЕРО Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија“,  Европската Унија со помош на Проектот за локална и регионална конкурентност и Светска банка му даде огромна шанса Велес да прерасне во значајна транзитна туристичка дестинација не само во земјава, туку и пошироко во регионот и да го искористи потенцијалот на езерото крај кое годишно поминуваат над два милиони туристи. Со проектот ја добивме првата СМАРТ туристичка дестинација во државата која овозможува развој на транзитниот туризам со примена на нови дигитални технологии. Проектот ќе  отвори нови работни места и ќе  ја зајакне локалната економија што е од исклучителна важност за Велес”, рече Коцевски.

При посетата на езерото и увидот на градежните работи на проектот „СМАРТ езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија”, амбасадорот истакна дека посетата на туристичкото биро во центарот на градот претставуваше одличен почеток на денот.

DSC_0344

Проектот е во вредност од еден милион евра. Придонесот на Европската Унија изнесува близу 900 илјади, а Општина Велес учествува со нешто над 1000 илјади евра.

На средбата во Општина Велес, градоначалникот Коцевски го запозна амабасадорот Гир со клучните специфики на општината, нејзината историја, култура и актуелни предизвици. Процесот на децентрализација, неопходните реформи на системот на финансирање на општините, перспективите за привлекување на инвестиции и потенцијалите за вклучување на младите во одржливиот развој беа дел од темите на средбата.

Амбасадорот Гир укажа на значењето на зелените решенија и заштитата на животната средина во контекст на климатските промени. Како што беше констатирано на средбата овие теми веќе се и ќе бидат од исклучителна важност на глобално ниво.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22886/shest-novi-sluchai-na-kovid-19-vo-veles/