Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Ќе има услови и за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=7
Од четврток повторно ќе биде стабилно и топло, но со просечни температури за овој период од годината.
Можеби ќе ве интересира: