Поради превентивните анти-ковид мерки, манифестацијата „Тиквешки гроздобер” годинава нема да се одржи, одлучи Советот на општина Кавадарци.
Како што образложи претседателот на советот, Ристо Сакалиев, изземањето е поради мерките за заштита од Ковид.
Манифестацијата требаше да биде тридневна и да се организира во септември. Предвидени беа дегустации на традиционална храна и тиквешки пијалоци, изложба на олдтајмери, два карневала, како и забавно-музичка програма.
Можеби ќе ве интересира: