Досега во земјава се дадени над еден милион дози вакцина против Ковид-19

vakcinacija
vakcinacija

Министерството за здравство соопштува дека до овој момент до Македонија се дадени над еден милион дози вакцини против коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 561.912 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.914 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.020 граѓани.

Agria

Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани.

Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: