Шест велешани меѓу новозарените со ковид-19 во последните 24 часа. Во моментов, во Велес има 35активни случаи со ковид-19. Бројот на заразени во земјава расте. Денеска се регистрирани нови 672 позитивни случаи, откако се направени 6.770 тестови.
Најмногу има во Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.
Регистрирани сe 35 оздравени пациенти,пријавени се 5 починати лица: по 2 починати лица одТетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г), по едно починато лице од Виница (62г) Сите починати лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.
Можеби ќе ве интересира: