Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра.
Од 2.500 до 30.000 евра ќе се движат казните за угостителските објекти во кои ќе бидат затекнати невакцинирани гости. Според директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска- Димоска овие казни не се ништо ново, туку станува збор за казни предвидени со Законот за заштита на населението од Ковид-19.
Според донесените владини мерки, од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти. Присуството пак, во угостителските објекти кои имаат капацитет над 30 гости, како внатре, така и надвор, ќе биде условено со приложување на доказ за барем една примена доза од некоја од антиковид вакцините.
Можеби ќе ве интересира: