Овој викенд се закажани се сите шест натпревари од второто коло во новата фудбалска сезона. Борец е домаќин на новиот прволигаш Тиквеш од Кавадарци кој во минатото коло ремизираше со шампионот Шкендија на домашен терен.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Јосип Бартонод Скопје , додека негови помошници ќе бидат Бранко Питулин од Скопје и Дарко Јовчевски од Тетово. За четврт судија на натпреварот одредена е Александар Урошевиќ од Тетово.
На останатите натпревари делители на правдата ќе бидат:
Струга Трим Љум – Пелистер (Кирил Смокоски – Прилеп)
Шкендија – Ренова (Јован Качевски – Струга)
Скопје – Брегалница (Александар Ставрев – Скопје)
Академија Пандев – Работнички (Владимир Ѓоргиевски – Битола)
Шкупи –Македонија Ѓорче Петров (Игор Стојчевски – Скопје)
Сите натпревари ќе се одиграат во недела со почеток од 17:00 часот, освен натпреварот во Струмица кој ќе се одигра во вечерен термин од 20 часот.
Можеби ќе ве интересира: