Освен вакцинираните, во угостителски објекти ќе може да влезат и прележаните од ковид

venko filipce
venko filipce

Освен вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале ковид, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид.

Zito akcija 640x289px

“Да најавам едно дополнување околу мерките. Освен со бараниот сертификат за вакцина за најмалку една доза, за сите настани што се организираат на затворено или отворено ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во рок од 45 денови. Тоа се оние неопходни 30 дена да помине времето за вакцинацијата и 15-ина дена да се организира вакцинацијата”, рече денеска министерот Венко Филипче.

Agria

За предвиденото воведување редарски служби од страна на угостителите, Филипче рече дека тие се во насока на заштита на самите угостители. Нагласи дека при воведувањето на мерките е разговарано со сите субјекти  и додаде дека е отворена опцијата за дополнителни консултации за какви било потешкотии или предизвици што би се јавиле при спроведувањерто на новите протоколи и мерки. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: