Од ноќеска на полноќ бензинот и дизел горивото поевтинуваат за половина денар по литар, додека цената на нафтата за домаќинствата останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика
Ова значи дека од ноќеска на полноќ моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе се продава по 71 денар, Еуросупер БС-98 ќе чини 73,50 денари по литар гориво, додека пак Еуродизелот ќе се точи за 62 денари по литар.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 2,1 проценти, а кај дизелот за 1,7 проценти.
Mожеби ќе ве интересира: