Пари од банки ќе може да се вадат и со потврда од МВР за лична карта

Надминат е проблемот што настана со граѓаните кои немаат важечки лични карти и затоа не можеа да си подигнат пари од банка, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА). Од Асоцијацијата соопштија граѓаните ќе може да ги користат услугите на банките и штедилниците и со пасоши. Доколку пак граѓанинот нема важечка лична карта, а нема ниту пасош, тогаш предвид ќе се земат и потврдите од МВР дека лицето поднело барање за издавање нова лична карта. Станува збор за потврдата којашто редовно се издава при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта, прецизираат од МБА.

Оттаму нагласуваат дека сите банки и штедилници веднаш започнуваат да го применуваат ваквиот начин на идентификување на клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта, овозможувајќи им непречено користење на своите услуги и производи.

Содржината продолжува под огласот

Според статистика на Министерството за внатрешни работи заклучно со 18 август точно 41 100 граѓани аплицирале за лични карти, а не можат да ги добијат, оти се чека на измени на Законот за лични карти, кои предвидуваа во нив да биде впишано уставното име. Во меѓувреме не се издаваат лични карти по стариот закон, оти МВР направило трансфер на системот за издавање на документи.

Содржината продолжува под огласот

Zito akcija 640x289px

Проблемот со неиздавањето нови лични карти дополнително се засили и со тоа наскоро треба да се спроведе прво попис, а потоа и локални избори. Од Државната изборна комисија (ДИК) соопштија дека ќе направат сè за да се изнајдат законски решенија за граѓаните со неважечки лични карти кои не се во можност да добијат нови поради блокираниот закон да можат да гласаат. Претседателот на ДИК Александар Даштевски по денешната седница на Комисијата посочи дека доколку граѓаните имаат важечки пасош ќе можат да гласаат, но исто така дека сепак се преземаат дополнителни активности за изнаоѓање други законски решенија.

Agria

Преземено од Радио Слободна Европа

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23091/po-dva-i-pol-meseczi-povtorno-pochina-paczient-od-kovid-19-vo-veleshkata-bolnicza/