Две велешанки тешко повредени во сообраќајка кај велешкото езеро Младост

Две девојки од Велес, едната на 26, а другата на 32-годишна возраст, се тешко повредени во синоќешната сообраќајна несреќа, која се случи 40-тина минути пред полноќ, на патот кон велешкото езеро Младост. Двете девојки со тешки повреди на рацете и нозете, со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во велешката болница.

Zito akcija 640x289px

„Во сообраќајна незгода на патот Башино Село – Отовица во 23.20 повредени две девојки. Кога нашата екипа пристигна, тие беа свесни. Едната имаше повреди на двата долни екстремитети и горниот екстремитет. Другата девојка имаше повреда на десна рака и лева нога. Девојките беа упатени со две возила од Итната медицинска помош на хирушкото одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес“, рече д-р Јадранка Мишкова, лекар од Итната медицинска помош.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Поради тежината на повредите, двете девојки од велешкатѕа болница биле транспортирани на клиниките во Скопје.

Содржината продолжува под рекламата

„Во текот на вчерашната ноќ, од страна на Итната медицинска помош донесени се две лица на 32 и 26 годишна возраст повредени во сообраќајна несреќа, кои се здобиле со потешки телесни повреди. По прегледите, повредените се препратени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар-Скопје“, рече д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешката болница.

Се очекуваат повеќе информации од полицијата за тоа како се случила несреќата и дали во неа учествувале повеќе возила.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23116/kristijan-ristov-petto-zasiluvane-za-rk-borecz/