(ОБНОВЕНО) Две велешанки тешко повредени кога автомобилот им излетал од патот кај велешкото езеро Младост

Две девојки од Велес, се тешко повредени синоќа, 40-тина минути пред полноќ, нивниот автомобил излетал од патот кон велешкото езеро Младост.

Zito akcija 640x289px

„На 20.08.2021 околу 23.15 часот на регионалниот пат од Велес кон езерото „Младост“, патничко возило „Форд ка“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.А.(32) од Велес, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.А. и сопатничката В.И.(26) од Велес, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила екипа на СВР Велес“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

Двете девојки со тешки повреди на рацете и нозете, со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во велешката болница.

„Во сообраќајна незгода на патот Башино Село – Отовица во 23.20 повредени две девојки. Кога нашата екипа пристигна, тие беа свесни. Едната имаше повреди на двата долни екстремитети и горниот екстремитет. Другата девојка имаше повреда на десна рака и лева нога. Девојките беа упатени со две возила од Итната медицинска помош на хирушкото одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес“, рече д-р Јадранка Мишкова, лекар од Итната медицинска помош.

Содржината продолжува под рекламата

Поради тежината на повредите, двете девојки од велешкатѕа болница биле транспортирани на клиниките во Скопје.

Содржината продолжува под рекламата

„Во текот на вчерашната ноќ, од страна на Итната медицинска помош донесени се две лица на 32 и 26 годишна возраст повредени во сообраќајна несреќа, кои се здобиле со потешки телесни повреди. По прегледите, повредените се препратени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар-Скопје“, рече д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешката болница.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: