Најмногу заразени во еден ден во Велес од почетокот на четвртиот ковид бран

Veles kovid kombe

Вкупно 18 новозаразени се регистрирани во Велес во последниоте 24 часа, што е најмногу од почетокот на четвртиот бран на ковид-19 во овој град. Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани вкупно 23 пациенти, од кои 20 имаат позитивни тестови, двајца се со,нителни, а еден пациент има негативен тест, но е задржан на болничко лекување. Дури 12 пациенти се на кислородна поддршка.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа во земјава се направени 6.591 тестирањe, а регистрирани се 882 нови случаи на КОВИД-19. Состојбата по градови е следна:

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Скопје 333, Тетово 109, Струмица 80, Куманово 59, Гостивар 46, Кичево 42, Штип и Дебар по 28, Охрид 20, Велес 18, Прилеп 17, Струга 14, Кавадарци и Кочани по 12, Битола и Свети Николе по 9, Ресен 8, Богдани и Кратово по 6, Неготино и Радовиш по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод по 3, Делчево и Пробиштип по 2 и Берово, Крушево и Демир Хисар по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Пријавени се 14 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (54г,68г,69г, и 84г), и Тетово (49г,67г,68г и 81г), 3 починати лица од Гостивар (49г,72г и 74г), по едно починато лице од Куманово (72г), Охрид (82г) и Виница (77г). Од пријавените починати лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: • Скопје – 53• Гостивар – 48• Кичево – 11• Штип – 6• Тетово и Кочани – по 4• Кавадарци и Пехчево – по 3• Битола и Виница – по 2• Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23152/borecz-i-podari-bod-na-bregalnicza-vo-sudiskoto-nadopolnuvane/