Тројца повредени утрово во сообраќајка кај велешка Порцеланка

Тројца се повредени во сообраќајна несреќа утрово, кога околу 8:30 часот, во близина на фабриката Порцеланка се судриле комби и автомобил. Повредени се двајца патници од комбето, односно возачот и совозачот и возачот на автомобилот. По повикот кој го добила Итната медицинска помош, лекарски екипи веднаш се упатиле на местото на незгодата.

Zito akcija 640x289px

„Во сообраќајна незгода во 08.30 часот, во непосредна близина на фабриката Порцеланка, во која учествуваат комбе и приватна кола, повредени се три лица. Возачот на комбето бил однесен во болница со приватна кола, совозачот од комбето е прегледан и се жалеше на болки во десно раме и надлактица, на обете колена и на десен скочен зглоб. Со возило на Итната медицинска помош е однесен на одделот за хирургија во велешката болница. Повредениот од автомобилот одби хоспитализација“, велат од Итната медицинска помош Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Очекуваме подетални информации од велешката болница за здравствената ссостојба на повредените. Инаку, уште една сообраќајна несреќа се случила синоќа во Велес, за која очекуваме детали од надлежните институции.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23164/lichnite-karti-od-deneska-se-izdavaat-so-novoto-ime-na-drzhavata/