Цените на горивата повторно поевтинуваат од ноќеска на полноќ. Според најновата одлука на РКЕ и во согласност со нивната методологија за утврдување на цените, во следните седум дена малопродажните цени на горивата се намалуваат за 1,58 проценти во однос на минатата недела.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 70,5, односно 61 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 72 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 61,5 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,751 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 35,930 денари.
Можеби ќе ве интересира: