Висока бројка на починати лица од коронавирусот ширум земјава во изминатото деноќие

Инфективно Велес
infektivno oddelenie

Министерството за здравство информира дека од направени 3.022 тестирања во последните 24 часа, нема регистриранo ниту еден случај на заразен велешанец со ковид-19 а исто така нема и оздравен пациент.

Zito akcija 640x289px

Во изминатите 24 часа се направени регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје се 206, Гостивар – 33, Куманово – 19, Кичево – 13, Струга – 10…

Регистрирани сe 367 оздравени пациенти од:

Гостивар – 84, Тетово – 66, Скопје – 61, Струмица – 30…

Пријавени се 27 починати лица и тоа од:

Осум од Скопје (54г, 62г, 64г, 64г, 64г, 65г,  69г и 70г), четири лица од Гостивар (53г, 65г,72г и 83г), по тројца починати лица од Тетово (60г, 70г и 76г), Куманово (67г, 72г и 73г), Кичево (68г, 68г и 82г), и по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г) и Свети Николе (55г).

Од пријавените починати лица, три лица се починати во домашни, а 24 лица се починати во болнички услови.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.

Инаку, минатата ноќ во велешката болница, жена на возраст од 55 години почина на како резултат од компликации од ковид-19. Жената, која живеела во Свети Николе, била позитивна на коронавирус и не била вакцинирана, а во болницата била примена истиот ден.

Во моментов, на инфективното одделение на велешката болница се хоспитализирани 23 пациенти, од кои 21 се позитивни на тестот, а двајца се се уште непотрвдени. На кислородна поддршка се дури девет пациенти.

Можеби ќе ве интерисира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: