Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја се очекува и в четврток. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.
Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.
Moжеби ќе ве интересира: