Велешанец на 26-годишна возраст бил нападнат, додека бил на работа во фирма во Велес. Инцидентот се случил вчера попладне, кога нападнатиот случајот го пријавил во велешката полиција.
„На 23.08.2021 во СВР Велес, Т.К.(26) пријавил дека околу 14.45 часот, додека бил на работа во фирма во Велес, бил физички нападнат од И.Т.(41) од с.Раштани, велешко“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: