Велешанец на 68-годишна возраст тешко се повредил, кога на главната улица во Велес го нападнало куче – домашен миленик. Инцидентот се случил вчера претпладне, јави полицијата.
„На 24.08.2021 во 11.00 часот во СВР Велес, К.В.(68) од Велес пријавил дека на ул.„Благој Ѓорев“ бил нападнат од куче домашен миленик, при што паднал и се здобил со тешка телесна повреда“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: