46 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Велес

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Zito akcija 640x289px

“Полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 46 возачи. Од нив, петмина возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволената брзина” соопштија од МВР.

Agria

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23240/koczik-borbata-za-poubav-veles-prodolzhuva/