Двајца фудбалери на велешки Борец се најдоа на списокот на новиот селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година Драган Канатларовски. Популарниот Цапар пред два дена ги објави имињата на играчите на кои смета за почетокот на новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2023-та година кое го организираат Романија и Грузија, меѓу кои се најде и крилниот напаѓач на Борец Лука Трајкоски, кој сезонава игра во одлична форма и е еден од најдобрите поединци на велешкиот прволигаш.
Откако стигна веста дека Адријан Хајдари и Марио Младеновски се позитивни на ковид-19 и ќе отпаднат од комбинација за претстојниот квалификациски циклус, Канатларовски денеска дополнително повика двајца нови фудбалери, меѓу кои е и дефанзивецот на Борец, 19-годишниот Георгие Јанкулов.
Содржината продолжува под рекламата
Освен нив, стандарден репрезентативец во младата селекција на Македонија е и велешанецот Енис Фазлагиќ, кој со успех настапува во словачкиот прволигаш Жилина.
Содржината продолжува под рекламата
Македонската млада репрезентација ја чекаат два натпревари и тоа на 2 септември против Франција во Ле Ман и пет дена подоцна, кога ќе биде домаќин на Србија во Охрид.
Можеби ќе ве интереисра: