Задолжително ќе бидат тестирани за ковид патниците од Македонија за влез во Грција, доколку патуваат само со негативен ПЦР тест, а немаат сертификат за вакцинација или потврда за прележан вирус. Задолжителното тестирање за влез во Грција важи за 16 земји, меѓу кои и за Македонија, а негативниот резултат ќе биде предуслов за влез во Грција.
Содржината продолжува под рекламата
Во однос на неопходните документи за влез во Грција кои се поврзани со Ковид-19 нема промени и исто како и во изминатите три месеци за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.
Содржината продолжува под рекламата
Задолжителното тестирање не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци.
Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.
Mожеби ќе ве интересира: