Њу Старс е првиот противник во купот за Борец

Borec - Nju Stars

Фудбалската федерација на Македонија  (ФФМ) преку ждрепка ги одреди паровите во првото коло од Купот на Македонија кој ќе стартува следниот месец.

Zito akcija 640x289px

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Фудбалскиот клуб Борец како прволигаш беше привилигиран во ждрепката, кое не дозволи во првото коло дуели на прволигашите, а ланските финалисти Силекс и Академија Пандев ќе започнат од наредната рунда. Противник на велешани е тротолигашот од Скопје Њу Старс.

Во Купот ќе се игра по еден натпревар, фоколку мечевите во оваа фаза завршат нерешено, директно се изведуваат пенали. Натпреварите од 1/16-финалето од Купот на Македонија се закажани на 15 септември.

На останатите натпревари се среќаваат:

Детонит – Македонија ЃП
Победа – Вардар
Кит-Го – Шкендија
Беса – Скопје
Локомотива – Охрид
Љуботен – Пелистер
Гостивар – Ренова
Кораб – Беласица
Њу Старс – Борец
Слога Виница – Работнички
Новаци – Тиквеш
Саса – Струга ТЉ
Воска Спорт – Брегалница
Велешта – Шкупи

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: