Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
“Вчера во периодот од 08 до 13 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 72 возачи. 23 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното”.
Содржината продолжива под рекламата
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: