50 санкции за возење со брзина поголема од пропишаната

Policiski RADAR
Policiski RADAR

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Zito akcija 640x289px

„На 31.08.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, било констатирано дека 50 возачи ја пречекориле дозволената брзина, од кои 45 надвор од населено место и 5 во населено место. При контролите било утврдено дека еден возач ја пречекорил брзината за над 70 километри на час и еден возач ја пречекорил брзината за над 50 километри на час повеќе од дозволеното“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: