Од компликации од ковид – 19 во велешкиот ковид центар денес се починати три лица, две од Св.Николе на 53 и 77 годишна возраст, едно од Велес на 80 годишна возраст.
Во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница) се наоѓаат вкупно 65 пациенти, од кои 37 добиваат кислородна поддршка. 44 од нив имаат позитивни ковид тестови, 11 се сомнителни на вирусот , додека 10 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 45 пациенти, на интерното и модуларната ковид болница, која беше отворена пред два дена, се хоспитализирани по 10 пациенти.
Во текот на денешниот ден извршен е еден транспорт на 66 годишен пациент во болницата 8ми Септември.
Можеби ќе ве интересира: