31 смртен случај и 256 заболени од Ковид-19, во Велес три нови случаи

VELES JULI 2021
VELES JULI 2021

Во денешната ковид статистика на Министерството за здравство регистрирани се три нови случаи на ковид-19 во Велес. Оздравени се пет, а 76 годишен велешанец е починат од компликации на вирусот. Бкупниот број на активни случаи во градот е 228.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г). Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: