20 нови случаи, и осум оздравени пациенти е билансот во изминатите 24 часа во Велес, соопштуваат од Министерството за здраство. Во овој момент според епидемиолошката анкета бројот на активни случаи кои се заразени со коронавирусот во Велес изнесува 243.
Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 347 оздравени пациенти, пријавени се 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г).
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406.
Можеби ќе ве интересира: