Компанија од Велес меѓу трите во земјава на кои им е одземена лиценцата за трговија со нафтени деривати

Регулаторна комисија за енергетика одлучи да им ги одзеде лиценците на тројца трговци со нафтени деривати за поединечни производи, затоа што се утврдило дека немаат складишни капацитети.

Zito akcija 640x289px

На „Гуливер инженеринг“ од Скопје му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија на големо со Еуродизел БС, на „Пертинакс„ од Скопје за мазут, додека на велешката компанија „Башино гас“ за течен нафтен гас.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Овие трговци не поседуваат соодветни складишни капацитети за чување на дериватите – што претставува основно средство за работа и е услов за добивање на лиценца. РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Содржината продолжува под рекламата

Трговците нема да смеат да тргуваат со соодветните производи, односно да ги увезуваат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: