Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на Одлуката од 6.9.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат со страите цени.
Содржината продолжува под рекламата
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,552 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 38,395 денари.
Можеби ќе ве интересира: