Шпански медиуми: Барселона го изгуби главниот спонзор

rakuten barcelona
rakuten barcelona

Јапонската компанија за интернет трговија, „Ракутен“, одлучи да ја прекине соработката со Барселона како главен спонзор и со тоа уште повеќе ги зголеми проблемите за претседателот Жоан Лапорта, објавија шпанските медиуми.

Zito akcija 640x289px

„Ракутен“ и Барселона ја започнаа соработката во 2017 година потпишувајќи тригодишен договор, според кој јапонската компанија плаќаше 55 милиони евра по сезона, а за возврат Барселона го постави името на компанијата која стои зад апликацијата „Вајбер“ на својот дрес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во октомври минатата година договорот е продолжен, но спонзорскиот износ е намален на 30 милиони евра годишно. Спонзорскиот натпис на ракавот од дресот, на кој се рекламира турскиот производител за бела техника „Беко“, исто така ќе биде променет.

И покрај ова, Барселона на масата има неколку спонзорски договори и се надеваат дека ќе успеат да договорат подобри услови од она што го имаа досега. Исто така, се зборува и за тоа дека клубот би можел да ги продаде правата за името на стадионот „Камп Ноу“ и така да дојде до дополнителни финансиски средства.

Извор: sportclub.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: