Изложба на Петар Хаџи Бошков на археолошкиот локалитет Стоби

Izlozba Petar Hadji boskov

Во сабота, на 18 септември, во 18 часот на античкиот локалитет „Стоби“ ќе биде отворена голема изложба со дела од Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.

Zito akcija 640x289px

Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на Хаџи Бошков, кои опфаќаат четиридецениски период (1962 – 2004) од овој значаен уметник, чие творештво е вградено во темелите на современиот културен идентитет на земјава.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ. Иницијативата за овој проект е на Националната установа за управување со археолошки локалитет Стоби – Градско, и се реализира во рамките на долгорочната проектна-програма „Стоби – жив град“, со идеја да се заживее локалитетот и да се овозможи отворање нови перспективи во дијалогот со модерното наследство, како и со современата културна продукција.

Содржината продолжува под рекламата

Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков ќе бидат позајмени и директно од ателјето ќе бидат пренесени на локалитетот Стоби.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: