17 нови случаи и само двајца оздравени во Велес, бројот на активни случаи се искачи на 289

Veles Juli 2021 zolto ambulantno vozilo
Veles Juli 2021 zolto ambulantno vozilo

Во ковид статистиката на Министерството за здравство, во Велес се регистрирани нови 17 случаи на ковид-19. Оздравени се двајца пациенти, бројот на активни случаи во градов се искачи на 289. За одбележување е високиот број на смртни случаи во државава, денес има 41 починат.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 274, Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и Штип –по 14, Кочани – 13, Тетово – 12, Охрид – 11, Гостивар – 8, Струмица, Кичево и Радовиш – 7, Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија и Демир Хисар – по 4, Делечево, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 2, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1 лице.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти, Пријавени се 41 починато лице: 23 починати лица од Скопје (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г). Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: