Вандализам во прилепската модуларна болница, непознати сторители ја оштетиле таблата за електрична енергија

modularna
modularna

Прилепската болница до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница, соопшти денеска Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Agria

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата.

Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, а за среќа вандализмот не довел да биде загрозено здравјето на пациентите.

Од Министерството за здравство апелираат до надлежните институции што побрзо да ги откријат сторителите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: