Екипата на Борец со пораз на гостински терен ја почна сезоната во Првата лига откако во Гевгелија загуби од Партизан со 29:24. За одбележување е тоа што на овој натпревар беа доделени четири црвени картони, од кои три беа за домашната екипа и еден за велешани.
Од самиот старт на натпреаврот домаќините поведоа, имаа целосно контрола на играта и постојано го зголемуваа своето водство. Сепак подобра игра на велешани на крајот од првиот дел придонесе да се замине со плус два за домаќините, 14:12.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел екипата на Партизан се одлепи на пет разлика, 18:13, и се очекуваше дека лесно ќе стигне до бодовите. Борец преку расположените, Миленков, Атанасовски и Андоновски успеа да се врати во игра откако намали на минус еден, 20:21.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините во последните десетина минути успеаја да ја сочуваат својата предност, не му оставија поголем простор на противникот за можен камбек.
Најрасположен за игра кај велешани беше Кирил Миленков со девет гола, додека кај домаќините, браќата Узунчеви Тодор и Димитар комбинираа 15 погодоци.
Можеби ќе ве интересира: