Тројца починати, 13 новозаразени и пет оздравени во денешната ковид статистика

Veles dron Ivan
Veles dron Ivan

Трендот на зголемување на активниот број на случаи во Велес продолжува. Денес се регистрирани нови 13 случаи на ковид-19, оздравени се само пет, а три лица се починати. Бројот на активни случаи во Велес е 294.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес –  по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 551 оздравен пациент, пријавени се 23 починати лица: 8 починати лица од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г,  и 60г), 3 починати лица од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 починати лица од Куманово (75г, и 63г),  и Кавадарци (72г, и 65г), по едно починато лице од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г).

Содржината продолжува под рекламата

Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: