Идентичен број на новоаразени и оздравени пациенти во Велес регистрираше Министерството за здравство, во денешната ковид статистика. 20 новозразени и 20 оздравени пациенти, бројот на активни случаи во Велес останува ист како вчера, 284.
Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 891 оздравени пациенти,пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.
Можеби ќе ве интересира: