Денес ќе се изиграат преостанатите три натпревари од Купот на Македонија, со што ќе се комплетира првото коло од ова натпреварување. Поради трагедијата во Тетово беа одложени овие три натпревари.
Борец гостува во Скопје кај третолигашот Њу Старс, и не се очекува да има посериозна пречка да обезбеди пласман во следната рунда.
Содржината продолжува под рекламата
Останатите два натпревари се Кит Го – Шкендија, и Велешта – Шкупи, каде исто така не се очекува да има изнедаување. Сите натпревари започнуваат од 15 часот.
Можеби ќе ве интересира: