Се воведуваат брзи тестови во училиштата

post-covid uciliste
post-covid uciliste

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Министерот вели дека најголем дел од младите коронавирусот го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот.

Zito akcija 640x289px

Состојбата, според Филипче во училиштата во моментов е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта. Тестирањата на учениците ќе се прават со брзи антигенски тестови.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„По почетокот на школската година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците. Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: