Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирусот. Вчера беа регистрирани 392 инфицирани од 4.633 тестирања или околу 8,4 отсто. Претходно тој процент беше над 10. Вкупниот број на заразени се искачи на 189.551 случаи. Починати се 6.577 пациенти, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.
Во Велес минатата недела констатно бележеше двоцифрени бројки на новозаразени, а бројот на активни случаи се искачи на 312.
Содржината продолжува под рекламата
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има најмногу активни и тоа 5.689. Следува Куманово со 967, Тетово – 945, Охрид – 502, Гостивар – 490, Кичево – 417, Струга – 364, Велес – 312, Струмица – 310, Прилеп – 304. Во другите градови се помалку од 300, а во Дојран само еден позитивен на Ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: