Дербито на долниот дел од табелата во Првата македонска фудбалска лига го добија скопјани. Фудбалерите на Борец го забележаа својот прв пораз на домашен терен , или петти сезонава. Во бледа игра поразени се од екипата на Скопје со резултат 0:2.
По една катастрофална грешка на Алекс Талески, резултатот го отвори Христијан Кировски уште во шестата минута. Истиот фудбалер стрелаше седум минути подоцна, кога реагираше фантастично и од прва го матира домашниот голман Милош Рнич.
Велешани се обидуваа со сите сили да се вратат во игра, но нападите беа јалови. Завршницата не донесе нешто ново, па бодовите заминаа кај таборот на Скопје. Следното коло велешани гостуваат кај актуелниот шампион Шкендија во Тетово.
Можеби ќе ве интересира: