ФФМ ги делегираше арбитрите кои ќе ја делат правдата на прволигашките дуели викендов во рамките од деветото коло од ПМФЛ. Благојче Ралески од Битола ќе ја дели правдата на дуелот во Тетово помеѓу Шкендија и Борец.
Помошници ќе му бидат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски од Кичево. Четврт судија ќе биде Александар Грујовски исто така од Кичево. На останатите натпревари делители на правдата ќе бидат:
Содржината продолжува под рекламата
Брегалница – Струга Трим Љум (Игор Стојчевски Скопје)
Македонија Ѓорче Петров – Ренова (Крумислав Ѓоргиев – Штип)
Пелистер – Тиквеш (Ндерим Тефику – Тетово)
Скопје – Академија Пaндев (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Шкупи – Работнички (Јован Качевски – Струга).
Натпреварите од ПМФЛ ќе се одиграат во сабота на 2. Октомври со почеток од 15 часот, поради репрезентативните обврски кои следуваат.
Mожеби ќе ве интересира: