Украинец во редовите на ГОК Борец

Azarov odbojkar Ukraina

Управата на ГОК Борец успеа во своите редови да донесе странско засилување. Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Украина Станислав Азаров, кој игра на позицијата коректор и примач.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

191 сантиметри висок Азаров во Велес доаѓа од екипата Приблив од Украина, а има и претходно искуство во македонската одбојкарска лига играјќи за екипата на Шутова. Со ова се потврдуваат амбициите на клубот повторување на ланскиот резултат, односно влез во завршниот плеј оф.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во сабота ќе се одигра  контролен натпревар на одбојкарите на Борец против актуелниот шампион на Македонија екипата на Струмица 47 & 72 . Новата сезона започнува наредниот викенд а велешани во премиерниот настап ќе ја пречекаат екипата на Весна Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: