Во близина на Демир Капија, во текот на ноќта биле пронајдени мигранти. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека возачот кој ги превезувал мигрантите побегнал.
Содржината продолжува под рекламата
“Синоќа околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија”, информира Додевски.
Содржината продолжува под рекламата
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: